Целосно искористени парите од ИПАРД 2

Bez autora
Dec 24 2024

Потпишано последното решение за користење на парите од ИПАРД 2. Со Платежната агенција во текот на оваа програма беа објавени 9 јавни повици и реализирани вкупно 2.170 договори со вкупната вредност од 68 милиони евра исплатена финансиска поддршка …

За 9 години, почнувајќи март 2015 година, целосно искористена поддршката од ИПАРД 2.

Вклучени беа 4 мерки, објавени 9 јавни повици и реализирани 2.170 договори. Вкупната вредност на исплатената финансиска помош за реализираните договори изнесува 68 милиони евра што е 85 проценти искористеност од буџетот на Европската Програма.

Поединечно по мерки за инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства се искористени 23 милиони евра. Во втората ставка по за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи 30 милиони, за диверзификација на фармите и развој на бизниси 15 милиони евра и 300.000 евра за техничка помош.

Во регионот според Европската комисија Република Северна Македонија е на прво место во искористеноста на ИПАРД средствата.

Целта на Програмата ИПАРД е преку соодветни мерки да се подобри конкурентноста на земјоделското и производството на храна заедно со усогласувањето со стандардите на Европската унија како и економски развој на руралните средини.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik